Македонскиот интернационалец Бобан Петров, кој настапува за вториот тим на Кил, односно за екипата до 23 години, заедно со своите колеги обезбедија пласман во четвртфиналето во регионалниот Куп во Германија.
Клубот на Петров во осминафиналниот дуел против екипата на Милстед славеше со пет гола разлика, 35:30.
Гостите до победата дојдоа со подобрата игра во вторите 30 минути, на полувреме младите „зебри“ водеа со 18:15.
Македонецот одигра на висина на задачата и во мрежата на домаќините имаше три реализации, но подели и неколку асистенции.
Петров од 2017 година е во Германија, а со настапите во младинската Бундес лига го привлече вниманието на Кил.
Петров: Се надевам еден ден ќе го облечам дресот на првиот тим на Кил!