Унгарскиот гигант Веспрем ја доби финалната серија со ПИК Сегед со 2-1 во победи, откако славеше со 31-28 во мајсторката, а меѓу „златните“ имаше и еден Македонец.
Физиотерапевтот на Веспрем, Димитар Маневски, кој веќе долго време е во Унгарија, заедно со играчите и стручниот штаб се израдуваа на шампионската титула, 29 во клупската историја.
Ова доаѓа како лек на рана за Веспрем и тренерот Пасквал, откако унгарскиот тим не успеа да стигне до трофеј во Купот, а не се пласира ниту на Ф4 во Лигата на шампионите.
Маневски претходно со екипата на Вардар има злато и од Лигата на шампионите во 2017 година.