Ненад Добревски, физиотерапевтот на Бутел Скопје и на дел од младинските селекции, минатите два дена имаше дополнителна работа.
Тој беше ангажиран од страна на Кристијанштад поради тоа што физиотерапевтот на шведскиот тим бил спречен да допатува во Скопје.
Кристијанштад во ростерот ќе има само 12 ракометари и само двајца членови на стручниот штаб на клупа.
Нема сомнеж дека Добревски добро си ја завршил својата работа во однос на третманот на ракометарите, но македонската јавност се надева дека Швеѓаните нема да изгледаат добро подготвени на теренот против Вардар.
Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.

























