Македонците се „распукаа“ во Чешка

Тројцата македонски интернационалци – Дејан Кукуловски, Никола Костески и Синиша Павлов, беа меѓу најдобрите поединци во своите екипи во Чешка на последните натпревари.

Брно на Кукуловски, победи на гости кај Страконице со 27-25, а македонскиот лев бек даде пет гола и беше најдобар стрелец во победничкиот тим. Заработи и едно исклучување.

Никола Костески со чешкиот првак Талент Плзен ја продолжи победничката серија. Десното крило даде седум гола и беше најдобар стрелец на средбата.

Маломерице Брно, каде што Синиша Павлов, загуби убедливо на гостински терен кај Робе Жубри со 34-17. Македонецот беше втор стрелец со четири гола, а заработи и едно исклучување.

Плзен е прв на табелата, Брно е трето место, додека Маломерице се наоѓа на 11 место.