Македонци ќе ја водат женската репрезентација на Малта!

По ангажманот на Борче Марковски во тимот на Ла Сал, уште двајца Македонци добија функција од ракометната федерација на Малта.

Перо Арсоски ќе биде селектор на сениорската женска репрезентација на Малта, а во неговиот стручен штаб ќе биде и Бети Петковска.

Прв предизвик за македонскиот двоец би требало да бидат квалификациите за ЕП 2026 година, каде што ќе биде пријавена репрезентацијата на Малта.

Арсоски, дете на Струга, од 2018 година е на Малта и настапува во машкиот тим на Ла Сал, каде сега тренер ќе биде Марковски, а негов асистент Петковска.

Петковска е дете на тимот на Куманово, со кој го освои Куп трофејот пред да замине во Гевгелија, а од 2022 година е на Малта. Таа игра за женскиот тим на Ла Сал, а покрај тренерската функција во сениорската репрезентација, таа ќе биде дел и од стручниот штаб на кадетките на Малта.

Арсоски и Петковска се активни се уште како играчи, но паралелно ќе го „печат“ и тренерскиот занает во островската држава.