Македонци „главни“ на најголемото дерби во ЕХФ Купот

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Марјан Начевски и Ацо Николовски ќе бидат делегати на двата меча од најголемото дерби од третата рунда меѓу српската Војводина и словенечкиот Целје.

Начевски ќе биде делегат во Нови Сад во салата „Слана Бара“, каде што денеска од 18:00 часот Војводина ќе го пречека Целје, а арбитражата е дело на Мартон и Хорват од Унгарија.

Реванш средбата ќе се одигра во Целје на 22 ноември од 18:00 часот во салата „Златорог“, а таму делегат ќе биде Николовски, додека судии се браќата Лончар од Хрватска.