Охрид ќе се бори за трофеј во Србија!

Ракометарите на Охрид се пласираа во финалето на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“ што се игра во Белград.

Избраниците на Борис Ројевиќ го совладаа незгодниот српски тим Динамо Панчево со 27-20 откако и на паузата водеа со 14-11.

Во вториот дел ривалите се доближија во неколку наврати на минус два, но на голот Пилиповиќ одбрани неколку важни удари, Охрид отиде на шест гола залиха на пет минути до крајот и немаше дилеми околу победникот.

Во второто полуфинале ќе играат српскиот првак Партизан и словенечкиот Тримо Требње, па победникот ќе му биде ривал на Охрид во утрешното финале од 17:00 часот.