Махула ќе ги води „лавовите“ од лето

Некогашниот стратег на Фленсбург и Алборг, Мајк Махула, се враќа во Бундес лигата со нов ангажман.

Од летото наредната година, тој ќе го води Рајн Некар Левен, со кој потпиша договор на три сезони.

47-годишниот стратег ќе се обиде да ги врати „лавовите“ од Манхајм на шампионските патеки и во врвот на Бундес лигата.

Махула тоа ќе го мора да направи без актуелниот лидер на Рајн Некар Левен, Јури Кнор, кој ќе замине во данскиот Алборг.