Магнусон го однесе Магдебург на Ф4

Екипата на Магдебург е вториот патник на Ф4 турнирот во Келн, откако славеше против Келце со 27:25 по ударите од седум метри во реваншот од четвртфиналето.

На првиот одигран дуел Келце триумфираше со 27:26, додека регуларниот дел на денешното четвртфинале заврши со 23:22 во корист за актуелниот европски првак, па така вториот ученик на завршницата се бираше на пенали.

Во текот на сите 60 минути имаше големо надмудрување на двете страни, но во речиси најголемиот дел од натпреварот Келце водеше со еден до два гола разлика. Бундеслигашот пресвртот го направи во последните десет минути и се избори за пенали, во кои имаше повеќе среќа.

По првите пет серии беше нерешено, 3-3, откако пенали за гостите не реализираа поранешните членови на Вардар, Алекс Душебаев и Игор Карачиќ. Наи не успеа да го совлада одличниот Хернандез во шестата серија, а Омар Игни Магнусен беше целосно фокусиран и го однесе Магдебург во Келн.

Пласман на Ф4 турнирот обезбди и Алборг, додека преостанатите два патници ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.

Веспрем повторно остана без Ф4, доживеа елиминација од Алборг