Магдебург со моќен старт – четири од четири за европскиот шампион

Европскиот шампион Магдебург ја продолжи победничката серија во Лигата на шампионите и сега има четири од четири.

Избраниците на Бенет Вигерт го совладаа убедливо составот на ГОГ Гудме со 39-30, а победата ја обезбедија во вториот дел.

ГОГ Гудме пружи голем отпор во првото полувреме, во повеќе наврати и водеше, а најчесто погодуваа одличните Бјере и Лике. Данскиот тим водеше со 16-15 пред паузата, но Магдебург погоди три пати по ред за 18-16 и презема контролата на терен.

Во вториот дел гостите го наметнаа своето темпо, ГОГ не можеше да го следи и на крајот мораше да се помири со убедлив пораз.

Предводници на Магдебург беа Магнусон со 11 и Клар со шест гола, а голманот Мандиќ запишаа 11 одбрани.