Денеска со четири натпревари започна неофицијалното светско клупско првенство во Саудиска Арабија, Супер Глоуб.
Шампионот Магдебург, кој има две круни по ред на ова натпреварување, со убедлива победа над Ал Калеј со 29-20 го стартуваше новиот настап.
Никола Портнер блескаше на голот со 15 интервенции, додека левото крило Матијас Муше постигна десет погодоци.
Келце се намачи и со пресрт во последната минута го доби дуелот со Ал Наџма од Бахреин со 27-26.
Ал Кувајт немаше проблеми со првакот на Средна и Јужна Америка, Сан Фернандо и славеше со 41-29, додека Ал Ахли исто така без мака го доби двобојот со Ал Нор со 38-20.