Европскиот шампион Магдебург славеше со 37-30 против данскиот ГОГ Гудме и сега има 11 победи на 11 натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите.
Данците одолеваа на домашните напади во првото полувреме, имаа во еден момент и реми, 14-14, но во финишот попуштија и Магдебург замина на пауза со предност, 17-15.
Вториот дел мина во комплетна доминација на момците на Бенет Вигерт и немаше дилеми околу победникот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Магнусон со шест, Хорнке и Вебер со по пет гола, а кај ГОГ Гудме, Далби стрелаше шест пати.
Сега на табелата Магдебург е прв со 22 бода, пред Барселона пред 20 бодови, па овие два тима се сигурни четвртфиналисти, додека трката по осминафинале ќе ја продолжат ПСЖ, ГОГ Гудме, Еурофарм Пелистер и Загреб, чии шанси се сведени на теорија.

























