Германски Магдебург останува единствен тим во групната фаза од Лига на шампионите без пораз сезонава, откако „лесно и очекувано“ го победи ПИК Сегед со 40-31. Со новите два бода, сега Магдебург има 20, и му треба само уште еден бод за теоретска потврда на пласман во четвртфиналето.
До крај на групната фаза остануваат да се играат уште 4 кола, во февруари и март 2026 година. Сериозен кандидат за директно во четвртфиналето е и Барселона, која е второпласирана во Б групата со 18 бода. Првите две екипи од двете групи ќе играат директно во четвртфиналето, а оние пласирани од 3 до 6 место ќе разигруваат во осминафиналет, и победниците продолжуваат во четвртфналето, каде ќе се решава за место на Ф4 турнирот.
Начевски и Николов, македонските судии на овој меч немаа многу тешка задача бидејќи Магдебург уште во првото полувреме имаше водство од 19-13. Но, почетокот на средбата беше во знакот на гостите кои имаа водство од 3-0 и последен пат 4-3. Магдебург потоа „уфрли во втора брзина“ и немаше проблеми до крај на средбата.


























