Магдебург нуди 600.000 евра за Доминик Кузмановиќ!

Eвропскиот шампион Магдебург е подготвен да плати 600.000 евра за да го доведе хрватскиот репрезентативен голман Доминик Кузмановиќ од Гумерсбах, пренесува „Спорт Билд“.

Магдебург активно бара замена за Сергеј Ернандес, кој ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, а 23-годишниот Кузмановиќ се смета за главен кандидат да ја засили голманската позиција.

Хрватот се пресели во Гумерсбах во 2024 година и има договор важечки до летото 2028 година. Сепак, интересот од актуелниот европски шампион би можел да доведе до преговори за потенцијален трансфер, иако клубот од Гумерсбах засега не се изјаснил официјално.

Кузмановиќ важи за еден од најперспективните голмани во Европа, а неговите настапи во Бундес лигата и во дресот на хрватската репрезентација привлекоа внимание и од други водечки европски клубови.

Ако се пресели во Магдебург, Кузмановиќ би бранел во пар со репрезентативниот колега Матеј Мандиќ.