Европскиот шампион Магдебург се договори со голманот Матеј Мандиќ за предвремен трансфер во Бундес лигата.
Иако тој требаше да се пресели во Магдебург следното лето како замена за Сергеј Ернандез кој ќе оди во Барселона, сепак двата клуба и голманот се договорија порано да пристигне во Германија поради суспензијата на Никола Портнер.
Мандиќ потекнува од босанскиот Извиѓач, а минатите четири сезони беше дел од хрватскиот шампион Загреб.
Загреб е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а хрватскиот првак гостува во Битола на 10 септември.