Магдебург останува непоразен во Лигата на шампионите и продолжува со перфектен настап во најелитното натпреварување, откако на гостински терен го совлада ПИК Сегед со резултат 34-30.
Германскиот шампион и на овој дуел имаше целосна контрола врз играта и резултатот, со што ја запиша петтата победа во пет меча во елитното натпреварување. Кај унгарскиот тим, Марио Шоштариќ беше најефикасен со осум погодоци, додека кај Магдебург најдобри стрелци беа Бергендал со седум и Клар со шест гола.
Иако ПСЖ во првиот дел имаше контрола на теренот и на резултатот, сепак си замина со пораз од Висла Плоцк со 35-32. Херој на полскиот тим беше Мелвин Ричардсон со десет погодоци, додека кај францускиот гигант Елоим Пранди постигна 12.
Данскиот првак Алборг беше подобар од Динамо Букурешт и рутински славеше со 34-28. Јури Кнор беше најпрецизен со осум погодоци во победничкиот состав, a кај романскиот шампион, Валдес даде шест.