Магдебург му го упропасти дебито на Крикау – Фуксе демолиран среде Берлин!

Новиот стратег на Фуксе Берлин, Николај Крикау, не можеше да замисли полошо деби на клупата на „лисиците“.

Магдебург го торпедира Фуксе среде Берлин и славеше со 39-31, иако победата можеше да биде уште поубедлива ако играа до крајот како во текот на најголем дел од мечот.

Уште на полувремето Магдебург ја најави победата, кога водеше со плус девет, 22-13, а вториот дел беше само формалност.

Лидери на европскиот шампион беа голманот Ернандез со 14 одбрани и Магнусон кој погоди девет пати.

Кај Фуксе данскиот двоец Андерсон и Гидсел комбинираа 16 гол, но немаа голема поддршка од соиграчите.