Магдебург и Веспрем „бркаат“ чек од 350.000 долари

Во финалето на Светското клупско првенство во Каиро, денеска од 19:00 часот ќе играат бундеслигашот Магдебург и унгарскиот Веспрем.

Магдебург има шанса да освои четврти трофеј по ред, откако славеше на претходните три изданија, кога ова натпреварување го носеше името Супер Глоуб.

Веспрем досега има освоено два трофеи на меѓународна сцена – во ЕХФ Купот, па доколку слави тоа ќе биде трет трофеј за унгарскиот гигант.

Освен за златото, германскиот и унгарскиот тим ќе се борат и за паричната награда од 350.000 американски долари, додека за второпласираниот тим, ИХФ ќе додели 100.000 американски долари.

Во битката за третото место ќе играат египетскиот Ал Ахли и каталонскиот гигант Барселона, а освојувачот на бронза ќе добие 50.000 долари.