Магдебург е „распродаден“ – или ќе се шири салата или ќе се гради нова

Во изминатата сезона сите билети за домашните натпревари на европскиот првак Магдебург беа целосно распродадени.

Поради тоа, клубот размислува за можноста за проширување на „Гетек Арена“, која на ракометни натпревари собира 6.600 гледачи, или за изградба на целосно нова сала.

Сепак, ваквиот проект бара сериозни финансиски вложувања.

„Подготвени сме на кое било решение од страна на градските власти, било тоа да е модернизација или нова изградба. Сфаќам дека луѓето се разочарани кога не можат да дојдат на натпревар. Билетите што се пуштаат онлајн се распродаваат за само една минута“, изјави во интервју за клупската странца извршниот директор Марк Хенрик Шмедт.

„Гетек Арена“ значително заостанува по капацитет зад спортските сали во кои играат другите германски клубови. Салата на Фуксе Берлин собира 9.000 гледачи, на Хановер 9.900, а на Рајн Некар Левен дури 13.200.

Највисока просечна гледаност во Бундес лигата минатата сезона беше забележана на домашните натпревари на Кил – 10.071 гледач.