Европскиот првак Магдебург ја продолжи победничката серија во Бундес лигата, откако славеше над Вецлар со убедливи 33-20.
По триумфот над Загреб во Лигата на шампионите, избраниците на Бенет Вигерт немаа проблеми ниту во домашниот шампионат против составот на Момир Илиќ.
По крајот на натпреварот, навивачите на Магдебург имаа уште една причина за радост – бекот Гисли Кристјансон ја продолжи верноста кон клубот.
Тој потпиша договор на долг рок и ќе остане во европскиот шампион најмалку уште четири сезони – до 2030 година.
Следен предизвик за Магдебург ќе биде гостувањето во Битола кај македонскиот првак Еурофарм Пелистер.

























