Средниот бек на Вардар, Косуке Јасухира, одигра одлично на Азискиот шампионат и тимот на Кадсија го предводеше до бронзен медал.
Јапонскиот репрезентативец имаше маестрална партија во натпреварот за трето место против Ал Кувајт.
Кадсија го доби дуелот против Ал Кувајт со 32:31, a членот на „црвено-црните“ постигна десет погодоци.
Исто така, десет реализации зад своето имe имаше и екс ракометарот на Металург, Владан Липовина.
Тимот на Ал Калеј од Саудиска Арабија го освои првото место, откако во финалето славеше над Ал Араби со два гола разлика, 35:33.