Маестралниот Митревски го остави Порто во игра за титула

Португалскиот шампион Порто ја продолжи трката за одбрана на титулата, откако славеше на домашен терен против Брага со 34-25.

Во петтата рунда од португалскиот плеј-оф, Порто предводен од македонскиот капитен Никола Митревски забележа убедлива победа.

Македонскиот чувар на мрежата имаше 50% успешност на одбранети удари и забележа 12 одбрани од 24 удари на ривалите за времето кое го мина на теренот.

Порто сега има 44 бода на второто место, Спортинг е лидер со 46 бодови, а на тимот на Митревски ќе му треба било каква победа на гостувањето во Лисабон следниот викенд за да ја одбрани титулата, во спротивно Спортинг ќе биде шампион.