Репрезентативецот на Франција и актуелен член на Веспрем, Кентан Мае, од следната натпреварувачка сезона ќе настапува во Бундес лигата.
Искусниот ракометар, кој со „триколорите“ има освоено четири златни медали на големите натпреварувања, потпиша за екипата на Гумерсбах.
Средниот бек за Гумерсбах настапуваше на почетокот на неговата кариера, во сезона 2011/12 и 2012/13.
32-годишниот ракометар сега по 11 години се враќа во бундеслигашот и најверојатно таму ќе ја заврши својата кариера.
Мае и раководството на Гумерсбах се договорија на соработка, која ќе биде со важност до летото, 2027 година.
Французинот пред да се пресели во Веспрем помина две сезони во Фленсбург, односно две во Хамбург.