Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го пречекува францускиот ПСЖ во последниот меч на домашен терен за оваа сезона во Лигата на шампионите.
Тренерот на ПСЖ, Стефан Мадсен, знае каква атмосфера го очекува неговиот тим во Битола, но има рецепт како да се слави.
„Обезбедувањето на осминафиналето со домашната победа против ПИК Сегед минатата недела беше важен чекор за нас, особено по силното издание и победата во Загреб пред две недели. Тие две победи го одразуваат напредокот и континуитетот што ги градиме во последниот период. Сега предизвикот е да ја задржиме таа позитивна динамика и на гостувањето во Македонија. Еурофарм Пелистер секогаш е тежок противник на домашен терен, со одлична поддршка од публиката, па ќе треба да останеме фокусирани, дисциплинирани и амбициозни“, изјави Мадсен.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ се игра вечерва од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.
























