Тимот на Партизан по триумфот на првиот меч во Белград, славеше против сега веќе поранешниот шампион на Србија, Војводина, со 28-22 и на гостувањето во Нови Сад.
Левото крило Бојан Маџовски и белградскиот тим ја добија финалната серија со 2-0 во победи и ја прекинаа доминацијата на Војводина по 13 години.
Петар Ѓорѓиќ беше предводник на победничката екипа со пет погодоци, додека Стеван Вујовиќ даде четири.
Кај Војводина се истакна Вукашин Воркапиќ со шест гола, а по четири пати стрелаа Стефан Додиќ и Милан Милиќ.
Партизан и тренерот Ѓорѓе Чирковиќ ќе бидат дел од Лигата на Европа наредната сезона, додека Војводина ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп.