Маџовски и Партизан моќно во четвртфинале, Петковска и Михаловце на чекор до ТОП 4

Екипата на Партизан, во која настапува Бојан Маџовски, обезбеди четвртфинале во Европскиот Куп, откако во реванш дуелот против Диомидис Аргус одигра одлично, триумфирајќи со десет гола разлика, 32:22.

Иако клубот од Белград требаше да победи со плус три, со цел да ја надомести негативата од првиот дел, сепак, Маџовски и колегите со стил обезбедија место во ТОП 8 во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Освен Партизан, пласман во четвртфиналето обезбеди и АЕК Атина, клуб во кој доминираат странски ракометари, а како што е познато, на чекор до европско четвртфинале се наоѓа тимот на Кире Лазаров.

Кај дамите, голманката на Македонија, Драгана Петковска, заедно со Јувента Михаловце во првиот четвртфинален дуел против Гнезњо славеа со 36:21 и фактички обезбедија место во полуфиналето во Европскиот Куп.

Славија Прага на Ангела Јанкуловска на 22 и 23 февруари ќе ги одигра двата осминафинални натпревари со исландскиот Валур, па така може да се очекува уште една наша репрезентативка да се бори за место во полуфиналето.

Европски Куп, мажи, осминафинале:

АЕК Атина – Крка 38-28, 31-25
Хаукар – Јерусалем Ормож 31-23
Партизан – Диомидис Аргус 26-28, 32-22
Бриксен – Алкалоид 32-44
Рунар Сандефјорд – Бешикташ 35-35
Анортозис Фамагуста – Извиѓач Љубушки 25-25
Баја Маре – БК46
Драмен – Олимпијакос

Европски Куп, жени, четвртфинале:

Хазена Кинжварт – Хаукар 35-24
Јувента Михаловце – Гњезно 36-21
Порињо – Јонијас 23-15, 27-26
Валур – Славија Прага