Изминатиот викенд се одиграа дел од натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, активни беа македонските екипи, но и македонските интернационалци.
Бојан Маџовски и неговиот Партизан веќе ја завршија работата уште на првата средба и славеа со 11 гола против Берхем од Луксембург, 35:24.
Македонското лево крило даде два гола од пет обиди, а предводник во тимот од Белград беше десното крило Лазар Анѓелковиќ, кој запиша седум погодоци.
Косовскиот првак Раховец предводен од Горан Андоновски, загуби со три погодоци на гостувањето кај незгодниот белгиски првак Бохолт, а пикерот Стефан Атанасовски не даде погодок за косовскиот тим.
Тимот на Андоновски на реванш натпревар, кој ќе го одигра на 26 октомври во Раховец, ќе треба да ја надомести негативата за пласман во третото коло.
Фади Винтертур од Швајцарија, италијанскиот Бриксен и Вест Виен од Австрија се екипите кои обезбедија пласман во третото коло од третото по ранг европско клупско натпреварување.
Европски кп, 2 коло, резултати:
Металопластика (Србија) – Крка (Словенија) 30-32
Парнасос Строволу (Кипар) – Кур (Азербејџан)
Висе (Белгија) – Диомидис Аргус (Грција) 21-26
Хари Ап (Холандија) – Полва Сервити (Естонија) 21-25
Баја Маре (Романија) – Бејкоз (Турција)
Сасари (Италија) – Извиѓач (Босна и Херцеговина) 38-39
Грачаница (Босна и Херцеговина) – Целје (Словенија) 35-43
Анортозис Фамагуста (Кипар) – ПАОК (Грција)
Охрид (Македонија) – Потаиса Турда (Романија) 31-25
Партизан (Србија) – Берхем (Луксембург) 35-24
Фади Винтертур (Швајцарија) – Слобода Тузла (Босна и Херцеговина) 24-26, 29-20
Алкалоид (Македонија) – Драгунас Клаипеда (Литванија) 42-31
Х71 (Фарски Острови) – Бриксен (Италија) 33-40, 30-34
Фасано (Италија) – АЕК Атина (Грција)
Кремс (Австрија) – КРАС Волендам (Холандија) 29-26
Пореч (Хрватска) – Лондон (Велика Британија)
Еш (Луксембург) – Мотор Запорожје (Украина) 26-32
Борац Бања Лука (Босна и Херцеговина) – Јерусалем Ормож (Словенија) 26-20
ВИФ (Фарски Острови) – Вест Виен (Австрија) 22-29, 34-30
ЧСМ Букурешт (Романија) – Рунар Сандефјорд (Норвешка) 25-37
Бешикташ (Турција) – Динамо Панчево (Србија) 34-27
Добеле Тенакс (Летонија) – Леотар Требиње (Босна и Херцеговина)
Баки (Азербејџан) – Ловќен (Црна Гора)
Ловосице (Чешка) – Беса Фамгас (Косово) 38-28
Олимпијакос (Грција) – АОН Фиверс (Австрија) 30-21
Арендал (Норвешка) – Драма (Грција) 37-35
Бохолт (Белгија) – Раховец (Косово) 32-29
Повашка Бистрица (Словачка) – Робе Жубри (Чешка) 25-20
Свиеса (Литванија) – Мистра (Естонија) 34-30
БК-46 (Финска) – Брно (Чешка) 41-29
Хаукар (Исланд) – Кокс (Финска) 35-26
Драмен (Норвешка) – Хапоел Холон (Израел)