Македонија со пораз од Шведска со 28-18 го отвори настапот на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Левиот бек Симона Маџовска вели дека важно е дека таа и колешките сфатија дека може да парираат на големи селекции, иако против Шведска тоа беше случај петнаесетина минути.
„Мислам дека бевме премногу возбудени, но бевме многу свесни против кого играме. Знаеме дека Шведска оди далеку на речиси секој голем турнир. Но, како што реков, воведниот натпревар е веќе зад нас, и уште поважно, видовме дека можеме да играме против големи тимови како Шведска, иако тоа беше само 15 минути“, вели Маџовска.
И покрај поразот, Македонија постигна некоклу атрактивни погодоци.
„Навистина бевме среќни со атрактивните голови што ги постигнавме. Иако во текот на натпреварот не игравме како што сакавме. Второто полувреме го започнавме малку заспано, но потоа постигнавме неколку атрактивни голови, кои сигурно ќе ни дадат самодоверба за следниот натпревар бидејќи гледате дека можеме да постигнеме неколку лесни голови против репрезентацијата како што е Шведска“, заврши Маџовска.
Следен предизвик за Македонија ќе биде мечот со Турција на 30 ноември од 20:30 часот, додека последниот натпревар од групата е против Унгарија на 2 декември од 18:00 часот.