Тимот на Цвикау каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, загуби од Баер Леверкузен со 35-26 во Бундес лигата.
Сепак и покрај поразот, Маџовска имаше одлично издание и постигна четири погодоци, но треба да се одбележи дека имаше и осум асистенции до колешките.
Таа од денеска ќе биде дел од националниот тим на Македонија, за квалификациските средби против силната Шпанија.
Цвикау сега е на 11 позиција на табелата во Бундес лигата, а во следното коло по ЕХФ неделата ќе му гостува на силниот Турингер.