Младинската екипа на Еурофарм Пелистер го совлада данскиот Алборг со 24-23 во драматичен натпревар и ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Загреб и Фуксе Берлин за пласман во завршницата на најелитното европско клупско натпреварување.
Меѓу јунаците на пелистерци беше и голманот Јован Мацанковски, кој беше прогласен за играч на мечот, односно МВП.
Тој успеа да запре 13 удари на противничките ракометари од Алборг, меѓу кои и три удари од седум метри.
Битолчани водеа и со пет гола, но во финишот данскиот тим успеа да се врати на минус еден, да има и напад за реми и за продолженија на овој меч, но нивната акција заврши со топка во аут, па останаа уште три секунди, македонскиот тим ја задржа топката во посед и почна битолското славје.
Георгиев беше стрелец на 12 голови, половина од сите на битолчани, пет даде Симоновски, додека по два пати погодија Василевски, Велјановски и Спировски, а еднаш стрелаше Мијалчев.
Еурофарм Пелистер ја доби драмата со Алборг – ќе игра за Ф4 во Лигата на шампионите!
Уште еден бисер од битолската школа – Андреј Георгиев со животна партија во ЛШ!
























