Ракометната јавност во Македонија со длабока тага ја прими веста за прераната смрт на хрватскиот ракометар на Бутел Скопје, Денис Тот.
Тот во четвртокот во раните утрински часови бил донесен во болницата во Скопје во бесознание каде што утрово и ја загуби битката за својот живот.
Во кариерата покрај дресот на Бутел во Македонија го носеше и дресот на Охрид. Денес бројни клубови и ракометари преку социјалните мрежи испраќаа последен поздрав до Тот…