Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ игра одлично и за битолскиот клуб постигна 59 голови во Лигата на Европа. Ќе потсетиме, Пелистер ја поминга групата во ова натпреварување и во осминафиналето ќе се сретне со Нексе.
Мандалиниќ дефинитивно е еден од најважните играчи на Еурофарм Пелистер во групата против Татабања постигна десет гола, а против АЕК, Ним и Спортинг по седум. Исто така помага и во одбраната и има асистенции повеќе од кога било во неговата кариера.
Во минатото Веселин Вујовиќ и Златко Сарачевиќ знаеа да го критикуваат токму за играта во одбрана и избрзаните шутеви, денес ситуацијата е промената за тоа е свесен и самиот Мандалиниќ.
„Навистина играм позрело од било кога во кариерата. Веројатно дојде време за тоа. Се и сешто поминав, научив, потребно беше време, но денес повеќе тоа не е само шутот, туку и асистенции за пивотот, крилата, играта во „тројка“ во одбрана. Можеби дури сега го разбирам тоа што ми го зборуваа Вујовиќ и Сарачевиќ. Иако таа игра во одбрана на која често ми приговараа беше само работа на желба кога крај себе имаш играчи од кои можеш да научиш како и кога да излезеш на блок. Силата никогаш не ми била проблем, тоа воопшто не ме оптеретува. Шутот фала богу е постојан, мислам дека реализацијата ми е на 68% што не е лошо“.
Сезоната беше променлива.
„Апсолутно затоа што имавме проблеми со короната и повредите и додека не се комплетиравме колку-толку беше проблематично. Останавме зад Ним, а пред Шафхаузен, Спортинг, Татабања и тоа најдобро зборува за вредноста на резултатот кој го постигнавме. Ја победивме Татабања со 12 разлика, АЕК 11, одигравме егал во Швајцарија и Лисабон, изгубивме од Ним несреќно со два разлика. Тука најдобро ја чувствуваш можноста. Во осминафиналето ќе го имаме Нексе, станува збор за силен противник и одличен тим, но нашите амбиции се високи“.
Тоа што реваншот со Нексе се игра во Битола го гледа како предност.
„Сигурно дека тоа е наша голема предност. Немавме долго време полна сала поради короната, а сега е вистинска лудница. Не те бодри само една група навивачи, те бодри цела сала“.
Мандалиниќ е среќен во Еурофарм Пелистер, но има понуди и од Бундеслигата.
„Се што сакав остварив. Бабиќ многу ми помогна во тоа. Имам договор до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме. Имам навистина многу понуди, најмногу од Бундеслигата, но се уште не сум одлучил што и како понатаму. Работата не е само во парите“.
Среќен е што повредите се зад него.
„Фала богу сега се е добро, повредите многу ме намачија во кариерата и тоа беше проблем. Сега веројатно се дојде на свое и се чувствувам одлично“, изјави Мандалиниќ за „jutarnji.hr“.
Во редовите на Еурофарм Пелистер Мандалиниќ дојде во сезоната 2020/2021 од редовите на Фуксе Берлин, а претходно го носеше дресот и на ППД Загреб.