Maнасков брилираше, сам го победи Ференцварош

Ракометарите на Веспрем стигнаа до нова победа домашното првенство откако на домашен терен беа подобри од составот на Ференцварош со 29:25.

Дејан Манасков имаше фантастично издание и беше убедливо најефикасен во својот тим со 16 погодоци од 19 обиди. Осум гола постигна од седум метри со перфектен учинок.

Веспрем малку потешко од очекувањата стигна до победата, по првото полувреме избраниците на Давид Дејвис не успеаја да обезбедат предност. По првиот дел беше 15:15.

Сепак во второто полувреме фаворитот ја оправда улогата и стигна до победата. Најзаслужен за победата со своето издание беше македонскиот интернационалец Манасков.

Со по три гола зад Манасков беа Борозан и Мораес, а по два постигнаа Нилсон и Ненадиќ. Во составот на Ференцварош најефикасен беше Шефер со пет гола.

Јубилеј на Манасков – постигна 400 голови за Веспрем! (ФОТО)