Интернационалката од Македонија, Симона Гроздановска, која игра за тимот на Винтертур ја предводи листата на стрелци во швајцарскиот шампионат по завршувањето на полусезоната.
Деновиве заврши првата полусезона во швајцарското првенство во женска конкуренција. Симона Гроздановска се наоѓа на првото место на листата на стрелци со вкупно 115 голови од 14 одиграни натпревари.
Втората интернационалка од Македонија во Швајцарија, Викторија Мурговска ( Ротвајс Тун), се најде на 46. позиција со 25 постигнати голови од 11 одиграни натпревари.
Марија Гајиќ која подоцна направи трансфер во Ротвајс Тун со 13 голови од 4 одиграни натпревари во швајцарскиот шампионат, се најде на 64. позиција на листата на стрелци.