Капитенот на Македонија, Никола Митревски, последен ќе се приклучи на националниот тим, бидејќи имаше клупски обврски со Порто.
Неговиот тим играше натпревар од осминафиналето на Купот на Португалија и обезбеди пласман во следната рунда.
Порто победи кај Виторија со 40-27, иако на полувреме имаше еден погодок негатива, 17-16. Митревски му овој дуел ќе се приклучи на репрезентацијата.
Порто на 7 март ќе го добие ривалот во четвртфиналето од Купот на Португалија каде што веќе се пласираа Бенфика, Спортинг, Белененсенс, Боависта, Повоа, Брага и Мадеира