Филип Миркуловски денес го одигра последниот натпревар за Македонија, од репрезентативниот дрес се простува со обезбеден пласман на ново Светско првенство.
Тој ќе продолжи во Германија како асистент тренер во составот на Вецлар, каде што ќе го одигра и последниот натпревар во кариерата воопшто.
„Честитки за Чешка покажаа дека знаат да играат и на ваков жежок терен. Знаевме дека ќе биде тежок меч, но пред 7000 гледачи успеавме да извојуваме победа. И покрај проблемите кои ги имаше Кире со лактот и повредата, помина малце на теренот, но морам да го пофалам Јагуриновски кој одлично го замени. Пресреќен сум што со победа и пласман на СП ја завршив мојата репрезентативна кариера. Со задоволство ја прифатив поканата на Кире кога ми се јави бидејќи знам дека секој почеток е тежок и колку што можам и понатаму ќе помагам во било кое својство, секогаш ќе му бидам на располагање, со тоа помагаме и на нашата македонска репрезентација и државата. Овие 20 години ми беше голема чест што играв со големи имиња како Стоилов, Лазаров, Мојсовски…Штета што не направивме поголемо како Олимпијада…Но сепак сум задоволен со мојата репрезентативна кариера, стекнав големи пријатели што секогаш го оставале срцето на теренот и тоа е преголемо богатство за мене“, изјави Миркуловски.