Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски ја игра шестата сезона во Бундес лигата во дресот на Вецлар.
Тој на претходниот натпревар против Мелсунген, славеше јубилеј – 200 одиграни дуели во „зелено-жолтиот“ дрес.
Миркуловски по заминувањето од Металург во 2015 година, кратко играше за Хановер, а потоа замина во Вецлар.
Средниот бек ќе биде една од важните алки во играта на Македонија на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.