Во рамки од бараж двомечот за Светското првенство ќе се сретнат репрезентациите на Словенија и Србија. Првиот натпревар двете репрезентации ќе го играат утре од 20:00 часот во Целје.
Голманот на репрезентацијата на Србија, Дејан Милосављев истакна дека пред се е среќен што сите ракометари се здрави и се надева на пласман на Светското првенство.
„Среќен сум што сум во репрезентацијата, мило ми е што сите се здрави. Се надевам дека ќе го дадеме нашиот максимум затоа што ова е наша единствена шанса да се пласираме на Светското првенство. Ќе дадеме се од себе да се избориме за пламан во двомечот со Словенија, сакам луѓето да не гледаат на Светското првенство. Очекувам да го прикажеме нашиот полн капацитет и само така можеме да поминеме. Словенија е во топ десет репрезентации во светот, ќе направиме се што е потребно за да се прикажеме во што е можно подобра светло и да дојдеме со позитивен резултат од Словенија“, изјави Милосављев.
Реваншот помеѓу Србија и Словенија е закажан за в сабота од 18:00 часот во Крагуевац.