Гостувањето на Металург во Полска ќе биде продолжено бидејќи има проблеми со ПЦР тестовите за Ковид 19.
Компанијата со која Металург требаше да се лета на патот кон Македонија имала наведено дека антигенските тестови се дозволени и дека нема да има проблеми. Сепак, на аеродромот во Варшава од страна на службените лица биле побарани ПЦР тестови, па експедицијата на Металург денеска останува во Полска во хотелот на аеродромот.
Според информациите металурзите утре во попладневните часови патуваат до Истанбул, па оттаму в петок наутро се очекува да пристигнат во Скопје.
Со оглед на тоа што веќе в сабота ги очекува дуел против Чеховски медведи нема да им биде воопшто лесно и ќе имаат малку време за одмор од долгиот пат.