Трите македонски репрезентативки – Јована Саздовска, Јована Мицевска и Сања Дабевска, имаа одлични партии во второто коло од Втората лига во Романија.
Тимот на Слатина, кој е најголем фаворит за камбек во елитата, славеше дома со 55-14 против Спартак Букурешт.
Левото крило Саздовска имаше седум погодоци на овој натпревар, додека голманката Мицевска забележа девет интервенции.
Униреа Слобозиа, каде што игра Дабевска, забележа домашен пораз од Актив Плоешти, а кружниот напаѓач беше најдобар стрелец со шест гола.