Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 12 коло во Лигата на шампионите и Лигата на Европа во женска конкуренција.
Во најелитната конкуренција, дуелот меѓу Крим Меркатор и Бањик Мост во Љубљана, ќе го судат Македонките Силвана Карбеска и Марија Илиева. Овој натпревар ќе се игра на 22 јануари од 14:00 часот.
На дуелот меѓу Будуќност и Локомотива Загреб, што ќе се одигра денеска во Подгорица од 16:00 часот, делегат ќе биде Марјан Начевски.
Во Лигата на Европа, натпреварот меѓу Шиофок и Молде, што ќе се игра денеска во Унгарија од 16:00 часот, ќе го судат Даниело Божиновски и Виктор Начевски.
Во истото натпреварување, Ацо Николовски ќе биде делегат на мечот меѓу Ваци и Париз, што ќе се одигра утре со почеток во 16:00 часот во Унгарија.