Женската репрезентација во ракомет на плажа, со три порази ја заврши групната фаза на Европското првенство во Португалија.
По Украина и Холандија, избраничките на Златко Мојсоски загубија со 2-0 во третиот меч од домаќинот Португалија.
Првиот сет Португалките го добија со 20-12, додека во вториот Македонија беше конкурентна, 17-14, но тоа не беше доволно за трет решавачки сет.
Ива Божиновска со десет поени беше најефикасна во нашиот состав, Бојана Диневска имаше осум, додека Теодора Маркоска постигна четири.
Утре и задутре следуваат натпреварите за пласман од 9 до 16 место, а следни ривали на Македонија се Италија, Романија и Грција.