Луминица Дину се врати во Валчеа

Легендарната Романка Луминица Дину, која имаше значајна улога во освојувањето на европскиот трофеј на Кометал Ѓорче Петров, стана дел од стручниот штаб на Валчеа.

Таа се врати во матичниот клуб и ќе ги тренира голманите и ќе биде дел од стручниот штаб.

Освен со Кометал Ѓорче Петров, Луминица Дину освојуваше титули во Лигата на шампионите и со словенечкиот Крим.

„За мене враќањето во Валчеа е предизвик, но во исто време и среќа. Се согласив да се вратам и да им помогнам на голманите во екипата. Во Валчеа има три одлични голманки, но сите имаат различен стил, а јас ќе се обидам да го поделам со нив своето искуство“, изјави Дину.

Договорот со Дину е потпишан до 2025 година, а претходно таа работеше во младинската женска репрезентација на Романија.