QF1 - Denmark vs Brazil, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 29.01.2025, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Лукас Јоргенсен пред трансфер во Веспрем!

Според пишувањата на германски „Билд“, унгарскиот гигант Веспрем е заинтересиран за репрезентативец на Данска.

Станува збор за кружниот напаѓач Лукас Јоргенсен, кој имаше одличен настап на штотуку завршеното Светско првенство.

Јоргенсен од минатата сезона започна интернационална кариера, од ГОГ се пресели во редовите на бундеслигашот Фленсбург.

Во досегашниот тек од сезоната во најквалитетната лига на светот има постигнато 45 погодоци на 12 одиграни натпревари.

25-годишниот Данец со Фленсбург има договор до летото, 2026 година, а во редовите на Веспрем би требало да биде замена за Лудовик Фабрегас.

Како што е познато, репрезентативецот на Франција на лето ќе се врати во Барселона.