Откако Франција остана минатото лето без Никола Карабатиќ, сега и неговиот брат Лука Карабатиќ и кажа збогум на репрезентацијата.
Кружниот напаѓач на ПСЖ, кој има 36 години објави дека настапите на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка беа последните за него во дресот со националниот грб.
Карабатиќ играше во францускиот дрес 15 години, беше дел од 172 натпревари, а успеа да постигне 182 гола.
Со Франција, кружниот напаѓач освои злато на ЕП 2014, СП 2015, СП 2017, ОИ 2020 и ЕП 2024, сребро на ОИ 2016, СП 2023 и бронза на ЕП 2018, СП 2019 и СП 2025.