Карабатиќ го продолжи договорот со ПСЖ – следната сезона му е последна во кариерата!

Некогашниот француски репрезентативец Лука Карабатиќ го продолжи договорот со шампионот ПСЖ и за наредната сезона.

Тој ќе остане во ПСЖ до јуни 2027 година, а следната сезона ќе биде последната во неговата професионална кариера.

Кружниот напаѓач играше три сезони за Монпелје до 2012 година, потоа три сезони мина во Екс Ан Прованс, пред да дојде во ПСЖ.

Во Париз ќе комплетира 12 сезони, а со неговото заминување во пензија ќе заврши и ерата на браќата Карабатиќ во Франција.