Поранешниот член на Вардар и Металург, Лука Циндриќ, во следните четири сезони ќе го носи дресот на Веспрем, објави унгарскиот гигант
Раководството на Веспрем и Циндриќ се договориja на соработка 2+2 сезони. Искусниот среден бек во изминатата сезона настапуваше за амбициозниот проект на Динамо Букурешт.
Со тимот од Романија играше во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа, па така со доаѓањето во Веспрем повторно ќе настапува во Лигата на шампионите.
Хрватот имаше клаузула во договорот со Динамо Букурешт дека ако замине Пасквал, може да замине и тој. Веспрем токму во Чави Пасквал ја најде замената за Момир Илиќ и уште тогаш беше јасно дека Циндриќ е на добар пат да заигра во Унгарија.
Циндриќ во својата кариера има освоено три златни медали во Лигата на шампионите, беше на европскиот трон со Вардар во 2017 и на двапати со Барселона (2021 и 2022).
Веспрем претходно се засили со довчерашниот член на Балинген, Никола Граховац, а во следниот период се очекуваат уште неколку засилувања.