Croatia vs Hungary - Quarterfinals, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Zagreb, Croatia, 28.01.2025., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Лука Циндриќ нема да настапи во финалето!

Денеска на Светското првенство 2025 е финалниот ден, по што ќе биде познато дали Данска ќе остане на светскиот трон.

Данците за ривал во финалето ја имаат репрезентацијата на Хрватска, која во полуфиналето ја елиминираше Франција.

Иако беше најавено дека може да игра, сепак, екс ракометарот на Металург и Вардар, Лука Циндриќ, заедно со Верон Начиновиќ и Ивано Павловиќ ќе биде на трибини.

Финалето меѓу Хрватска и Данска е на програмата од 18:00 часот. Претходно, Франција ја совлада Португалија во борбата за бронзата.