„Луѓето веќе не сакаат да гледаат цел натпревар, туку видеа од 90 секунди“

Кандидатот за претседател на ИХФ, Герд Буцек, во интервју за порталот Handball World говореше за предизвиците и можните насоки во развојот на ракометот.

Буцек се надева дека ќе може да ја прекине доминацијата на Хасан Мустафа како претседател на ИХФ, иако тоа засга изгледа како тешка мисија, пред се поради големиот број на членки пред се од Азија и Африка кои традиционално гласаат за Мустафа, наспроти Европа.

„Потенцијалот за развој сè уште е огромен, и во Европа и во светот. Социјалните промени играат важна улога. Познато е дека сè помалку луѓе сакаат да гледаат натпревар во целост во живо. Наместо тоа, гледаат кратки прегледи, понекогаш од само 90 секунди. Мораме да го прифатиме тоа и соодветно да го приспособиме времето и местото на одигрување на натпреварите,“ изјави Бутцек.

Тој смета дека треба да се преиспита и времето на почетокот на натпреварите.

„Многу често почнуваат премногу доцна поради ТВ преносите. Потребно е да ја балансираме дилемата – дали е поважно полна арена или телевизиски пренос? На големите турнири клучно е арените да бидат целосно исполнети. Ако групните фази се играат во огромни, а полупразни сали, тогаш интересот опаѓа, а тоа е штета.“

Буцек дополни дека потребно е и олеснување на пристапот кон играта.

„Форматот на ракомет на песок би можел да се користи и во училиштата, само пренесен на асфалт. Така би станал подостапен и би привлекол повеќе млади. Погледнете ги Данците – тие одлично го развија уличниот ракомет. Тоа е пример кој треба да се следи.“

Изборот на новиот претседател на ИХФ треба да се одржи на крајот на декември годинава.