Лудница во група А – сите четири селекции имаат шанси за главната рунда на ЕП!

Пред последното коло на Европското првенство, ситуацијата во Група А е целосно отворена – Шпанија, Србија, Германија и Австрија се уште имаат шанса да обезбедат пласман во главната рунда.

Во третото коло во „Јуске Банк Боксен“ ќе се сретнат Србија – Австрија, односно Германија – Шпанија, а се е отворено пред стартот на дуелите.

Еве што и е потребно на секоја репрезентација:

🇪🇸 ШПАНИЈА оди понатаму ако:

  • ја победи или ремизира со Германија, или
  • загуби од Германија со најмногу два гола разлика, или
  • загуби од Германија и Србија не победи (пораз или реми).

🇷🇸 СРБИЈА оди понатаму ако:

  • ја победи Австрија, или
  • ремизира со Австрија и Германија не победи, или
  • загуби од Австрија со најмногу два гола разлика и Германија загуби, или
  • загуби од Австрија со три гола, но постигне 28 или повеќе голови, а Германија загуби.

🇩🇪 ГЕРМАНИЈА оди понатаму ако:

  • ја победи Шпанија со три или повеќе голови разлика, или
  • ја победи Шпанија и Србија не победи, или
  • ремизира со Шпанија и Србија загуби, или
  • загуби од Шпанија, но Австрија победи со три гола разлика и постигне 29 или помалку голови, или
  • загуби од Шпанија со еден гол разлика, а Австрија победи 30:27, или
  • загуби од Шпанија со два гола разлика, постигне 28+ голови, а Австрија победи 30:27.

🇦🇹 АВСТРИЈА оди понатаму ако:

  • ја победи Србија со четири или повеќе голови разлика и Германија загуби.

Што ако има израмнување на бодови?

Ако Германија ја победи Шпанија и Србија ја победи Австрија

(сите би имале по 4 бода – се гледа меѓусебниот скор):

Репрезентација Бодови Голови Гол-разлика
Шпанија 2 29:27 +2
Србија 2 57:56 +1
Германија 0 27:30 -3

 

Ако Шпанија ја победи Германија и Австрија ја победи Србија

(сите би имале по 2 бода – се гледа меѓусебниот скор):

Репрезентација Бодови Голови Гол-разлика
Србија 2 30:27 +3
Германија 2 57:57 0
Австрија 0 27:30 -3

 

Денеска се играат две средби од групата Ц, Франција – Норвешка и Чешка – Украина, но таму се е решено околу пласманот во главната рунда. Франција и Норвеша одат во ТОП 12, а Чешка и Украина ќе решат кој ќе биде на третото место.